Кариера

„ОАЗА Алкалоиди“ е компанија која ја развива својата деловна дејност низ една високоразвиена корпоративна средина, чии начела на работа се темелат на професионално, етичко и општествено-одговорно делување.

Со цел континуирано и оптимално проширување на нашиот тим, составен од професионалци во својот професионален делокруг, отвораме постојана можност за регрутирање нов кадар, во зависност од тековните потреби на компанијата.

Испратете ја Вашата професионална биографија (CV) преку формата за апликација во делот ‘Кариера’, наведувајќи го Вашиот професионален профил и станете дел од базата на потенцијални човечки ресурси на „ОАЗА Алкалоиди“.

Веднаш по отворање на соодветна работна позиција, ќе бидете исконтактирани од нашиот сектор за човечки ресурси и повикани на интервју.

Вашите апликации ќе бидат системски обработени и чувани како деловна тајна.

Што нудиме како работодавач?

  • Одлични работни услови и тимска професионална средина;

  • Континуирано учење и професионална надградба;

  • Регулиран работен однос (40 часа неделно) и конкурентна плата;

  • Слободни викенди и празници;

  • Можности за личен и професионален напредок и развој.

Пратете ни го вашето CV