За нас

Стручен и компетентен тим - подготвен да одговори на предизвиците на новото време.

За нас

Како континуитет на една успешна приказна што започнува во 1998 година во Штип, кога од локален семеен бизнис, компанијата ОАЗА со текот на годините прераснува во глобален бренд, 18 години подоцна, се реализира сосема нова деловна идеја. Во јуни 2016 година, стартува новиот бизнис-концепт насловен „ОАЗА Алкалоиди“ – што воедно претставува еден од пионерите во делот на приватниот сектор во земјава, чија деловна дејност се темели на одгледување канабис за медицински цели.

Лоцирана во срцето на македонскиот Исток – во штипскиот регион, на површина од 15.000 m², компанијата „ОАЗА Алкалоиди“ функционира во рамки на современ објект, создаден во согласност со трендот на мултинационалните фармации, според највисоки стандарди за квалитет и безбедност. 

Како додадена вредност на максималната логистичка функционалност на објектот, е неговата локациска поставеност, која овозможува непречена конекција со сите делови од земјата, како и со соседните земји, преку патна, железничка и воздушна линија (Меѓународен аеродром Скопје на 60km оддалеченост). 

По неполни две години напорна работа, максимална посветеност и континуирано инвестирање, компанијата „ОАЗА Алкалоиди“ во 2018 година се стекнува со официјално Одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.